Преубав стар колач запишан во мојата тетратка многу одамна. Кај мене редовно се подготвува во овој период од годината, посебен мерак ми прави затоа што девојчињата го обожаваат. Едноставна и брза подготовка која иде вака...
Подготовка.
Во сад за матење изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Јаболките изрендајте ги на крупната страна од рендето и додадете ги во изматената смеса со јајца. Оревите мелени, зејтинот, просеаното брашно, какао и пециво полека додавајте ги во смесата и матете со шпатула додека сите состојки не се соединат.
Во малата ростер тава или тава со бр.28 која предходно сме ја намрсиле сипете ја смесата. Печеме на 200 степени петнаесет мин. потоа намалете ја температурата на 180степени уште половина час.
Печениот колач посипете го со шеќер во прав или прелите го со чоколада ние овој пат си го изедовме без никакви додатоци.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани