Убав,вкусен сезонски колач. Постапката е следна
-ги матиме јајцата со шеќерот и кога се убаво изматени ги додаваме сите течни состојки и убаво мешаме.
Сувите состојки заедно ги мешаме и постепено ги додаваме кај течните.
Црешите ги миеме, ги вадиме коските и ги наросуваме со ванилин шеќер и една лажица брашно. Ги додаваме во смесата.
Садот во кој ќе печеме го намрсуваме и наросуваме со брашно, ја истураме смесата и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Печениот и оладен колач го наросуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови