9
окт
2014
Колач со спанаќ и сирење
Превкусен колач кој со чашка јогурт е одличен појадок и ужинка во секое време.
1. Со миксер ги матиме јајцата и постепено го додаваме млекото.
2. Потоа се додава брашното (тип 500), пченкарното брашно и прашокот за пециво. Смесата убаво се промешува со лажица.
3. Спанаќот убаво се мие и се сечка, сирењето исто така го сечеме на покрупни коцки.
4. Спанаќот и сирењето ги дoдаваме во смесата и повторно убаво промешуваме.
5. Смесата ја истураме во калап кој е премачкан со масло и врз неа посипуваме лебни трошки (а може и сусам).
6. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови