Колачот се приготвува многу едноставно и брзо, а резултира со прекрасен вкус.
Изматете го маргаринот со шеќерот, ванилата и кората од портокал. Додадете ги јајцата, потоа румот, па јогуртот. Фрлете еден прстофат сол. На крај додадете го гризот и прашокот за пециво и последно брашното.
Калап 26см премачкајте со маргарин и посипете со брашно. Сипете ја подготвената смеса во него.
Одозгора ставете половинки свежи смокви. Не ги притискајте.
Печете на 180-190С половина час до 40 мин. зависно од рерната. Готово е кога благо ќе порумени и при допир не мрда тестото.
Оставете го добро да се излади, па префрлете го врз рамна чинија. По желба, можи да го наросите со шеќер во прав одозгора.

• Колачот можи да се спреми и со друго овошје, но со смокви најмногу одговара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани