Брз летен колач со праска која дава освежителен вкус.
1. Јајцата (на собна температура), обичниот и ванилиниот шеќер се матат со миксер пенесто. Се додава брашното и пецивото кои заедно ги просејуваме.
2. Земаме округол калап за торти бр. 24 на кој му се вади страната, на дното ставаме хартија за печење и го тураме тестото.
3. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, оставаме да се лади.
4. Одвојуваме малку млеко во кое го мешаме прашакот за пудинг и шеќерот, а во другиот дел од млекото ја ставаме ситно изренданата праска. Кога млекото (заедно со изренданата праска) ќе зоврие, вариме пудинг.
5. Тестото го префрламе во чинија и го тураме сварениот пудинг.
6. Кога ќе излади колачот, ја матиме шлаг пената и со готварски шприц декорираме. Завршуваме со тенки кришки од праска.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани