Пудинг со праски
Ставете го млекото да се вари и додадете го медот.
Прашокот за пудинг разматете го со сокот од конзервата, румот и бурбон ванилата.
Кога ќе почни да врие млекото се тргна на страна од ринглата и се меша разматениот пудинг, па се враќа уште минута до две со интензивно мешање на рингла.
3 помали калапчиња за пудинг исплакнете со ладна вода. Во секое на дното ставете една половинка праска од компот свртена со вдлабнатата страна надолу.
Врз прсаките истурете од врелиот пудинг. Оставете да олади па пренесете го во фрижидер барем уште 2 часа.
Оладениот пудинг префрлете го на рамна чинија и извадете го од калапите.
Во средината на праската украсете со кандирана цреша и прелијте го со сокот од компотот од праски. Послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови