25
авг
2020
Колач со праски и ореви
Во еден сад околу 2 минути се матат јогуртот, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Од оваа течност се двои во чаша 200 мл и се става во фрижидер.
Во останатата течност се додаваат јајцата и се матат заедно, се додава брашното и пецивото и рачно се меша.
Модла со бр. 24 се обложува со хартија за печење.
Подготвената смеса се истура во модлата, праските се сечат на полумесечини и се редат врз смесата и се насросува со ореви.
Колачот се пече 35 -40 минути на 180 С.
По 2 минути откако ќе се испече се нанесува преливот со помош на четкичка (течноста која ја одвоивме предходно)
Колачот се сервира по 2 часа откако ќе се олади.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови