Јајцата се матат со шеќерот, а потоа постепено се додава павлаката, зејтинот и на крај брашното помешано со пецивото.
Смесата се сипa во плех и врз неа се додаваат малините.
Малините претходно се мешаат во чинија со две-три лажици брашно и ванилата за да не пропаднат сите на дното. Се пече околу 25 минути на 180 степени.
Колачот не е многу благ, затоа по вкус одозгора може да се нароси со шеќер во прав.
Ние најчесто го користиме без додатниот шеќер да биде онака баш овошен покиселкаст.
Искористете го остатокот од смрзнато овошје и освежете се .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално