Бисквитите сомелете ги, а потоа измешајте ги со растопениот путер и рум екстрактот.
Нанесете ја смесата во правоаголен калап обложен со хартија и убаво израменете ја.
Ставете во фрижидер да се стврди(1 час).

Крема 1
Желатинот ставете го во ладна вода да отстои 10 минути.

Со миксер изматете го крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
Слатката павлака ставете ја да се загрее(не и да зоврие) и додајте го желатинот, претходно убаво исцеден од водата.
Откако желатинот ќе се растопи додајте го во изматеното крем сирење и убаво измешајте.

Ставете ја кремата врз основата од бисквити и вратете во фрижидер уште 1 час.

Крема 2
Загрејте ја убаво слатката павлака и со истата прелејте го чоколадото искршено на коцки.
Мешајте додека чоколадото се растопи.
Потоа покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои 5 минути.
Со жица измешајте го чоколадото и дадајте ја изматената слатка павлака.
Мешајте внимателно во еден правец, одоздола према горе.

Нанесете го чоколадниот крем врз кремот од крем сирење и оставете да отстои во фрижидер 4 часа(или преку ноќ).

Пред да ја послужите оставете ја некое време на собна температура.

Може да украсите по желба, јас го оставив само вака со нанесување на топки слатка павлака и сува брусница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани