Испечати

Колач со крем сирење и чоколадо (без печење)

Колач со крем сирење и чоколадо (без печење)

Состојки

  • Основа
  • 200гр. бисквити
  • 90гр. путер
  • 1/2 ампула(од 2мл) екстракт од рум
  • Крема 1
  • 300гр. крем сирење
  • 50гр. шеќер во прав
  • 3 лажици слатка павлака
  • 1 фолија(2гр) желатин
  • 1 ванила
  • Крема 2
  • 200гр. црно чоколадо(75% какао)
  • 200мл. слатка павлака
  • 150мл. изматена слатка павлака

Подготовка

Бисквитите сомелете ги, а потоа измешајте ги со растопениот путер и рум екстрактот.
Нанесете ја смесата во правоаголен калап обложен со хартија и убаво израменете ја.
Ставете во фрижидер да се стврди(1 час).

Крема 1
Желатинот ставете го во ладна вода да отстои 10 минути.

Со миксер изматете го крем сирењето, шеќерот во прав и ванилата.
Слатката павлака ставете ја да се загрее(не и да зоврие) и додајте го желатинот, претходно убаво исцеден од водата.
Откако желатинот ќе се растопи додајте го во изматеното крем сирење и убаво измешајте.

Ставете ја кремата врз основата од бисквити и вратете во фрижидер уште 1 час.

Крема 2
Загрејте ја убаво слатката павлака и со истата прелејте го чоколадото искршено на коцки.
Мешајте додека чоколадото се растопи.
Потоа покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои 5 минути.
Со жица измешајте го чоколадото и дадајте ја изматената слатка павлака.
Мешајте внимателно во еден правец, одоздола према горе.

Нанесете го чоколадниот крем врз кремот од крем сирење и оставете да отстои во фрижидер 4 часа(или преку ноќ).

Пред да ја послужите оставете ја некое време на собна температура.

Може да украсите по желба, јас го оставив само вака со нанесување на топки слатка павлака и сува брусница.