
4
авг
2021
Колач со кокос
Едноставен и брз колач.
Подготовка:
1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, кокосот, 120г шеќер, стопениот путер, 2 јајца и млекото, со дрвена лажица, додека да добиеме еднолична смеса.
2. Префрламе во намрсен калап за печење и печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
3. Во мал, длабок сад го мешаме шеќерот во прав со кокосов крем и рум. Додаваме кокосов крем или млеко до посакуваната густина на глазурата.
4. Подготвената глазура ја истураме врз оладениот колач и поросуваме со кокосов чипс (или кокос) и малку рендана кора од зелен лимон.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани