Колач со кокос
Состојки
- 180г брашно за колачи
- 60г кокос
- 120г шеќер
- 125г стопен путер
- 2 јајца
- 120мл млеко
- 80г шеќер во прав
- 2 лажици кокосов крем (или кокосово млеко - цврстиот дел)
- 1 лажица темен рум
- малку чипс од кокос
Подготовка
Едноставен и брз колач.
Подготовка:
1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, кокосот, 120г шеќер, стопениот путер, 2 јајца и млекото, со дрвена лажица, додека да добиеме еднолична смеса.
2. Префрламе во намрсен калап за печење и печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
3. Во мал, длабок сад го мешаме шеќерот во прав со кокосов крем и рум. Додаваме кокосов крем или млеко до посакуваната густина на глазурата.
4. Подготвената глазура ја истураме врз оладениот колач и поросуваме со кокосов чипс (или кокос) и малку рендана кора од зелен лимон.
На здравје!