Ароматичен и едноставен колач. Се прави пандишпанот така што се матат јајцата со шеќерот пенасто и се додават брашното и пецивото. Се меша се' заедно и се сипува во плех(бр.28), замастен, па посипан со брашно. Се пече на 180 степени околу 20 минути. 500 милилитри вода, 500 гр. исчистени и рендани дуњи и 5 лажици шеќер се стават на тивко да повријат 5 минути. Кон ова се додават 2 пудинга измешани со 3 лажици шеќер и 3 лажици вода. Кога кремата ќе згусне се полева врз пандишпанот. Кога ќе олади кремата се покрива со изматена шлаг крема. Јас употребив пудинг од чоколада, а оригиналниот рецепт е со пудинг од ванила, ама и вака испадна убаво.