1. За тестото најпрво се матат путерот и шеќерот додека не се добие кремаста смеса. Путерот треба да биде на собна температура. Се додаваат една по една жолчките и се мати додека не се добие воедначен крем. Потоа се додаваат останатите состојки - испасираните банани, киселото млеко, брашното помешано со солта, прашакот за пециво и сода бикарбона и изматените белки. На крај се додаваат сецканите кикирики и црното чоколадо.
2. Од смесата се печат две кори во калап со димензии 20 см. на 180Ц околу 20-25 мин. Испечените кори се вадат од калапот и се оставаат убаво да се оладат.
3. За тоа време се подготвува филот. Се мати путерот од кикирики со шеќерот во прав и малку слaтка павлака за да се добие кремаста смеса. Потоа се додава останатата, претходно изматена слатка павлака, ванилата и прстофат сол.
4. Со кремот се филуваат двете кори, се ставаат една врз друга и остатокот се нанесува врз целиот колач.
5. Украсете го со сецкани кикирики, со прелив од чоколадо или по ваш вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани