1
јун
2013
Колач со аронија
Се мери со чаша од 200 мл, со истата се мерат сите состојки.
Се матат јајцата со шеќерот, продолжувајќи со матењето се додава јогуртот. Потоа се додаваат брашното и содата и се промешува со лажица. На крај се додава аронијата. Јас ја имав во замрзната форма, па си ја одмрзнав и таква ја ставив во смесата.
Се пече во подмачкано и побрашнето тавче бр. 26.
Се пече на 200 степени околу 20-25 мин, се додека добие кафеава боја или се проверува со чепкалка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови