Подготовка:

1. Прво се чисти авокадото, па се ренда.

2. Потоа во вангличка се ставаат јајцата со шеќерот и се матат до згуснување. Постепено се додаваат ренданото авокадо,  млекото и омекнатиот путер, па сокот од лимон и кората, брашното, оревите, пецивото па на крај ванилата. Со шпатула сето убаво се соединува.

3. Смесата се истура во долгнавест калап за печење. Се пече околу 40 минути, на 180 степени. Се остава на решетка да се излади.

4. Се спрема глазурата. Се соединуваат шеќерот и сокот од лимон. Се прелева изладениот колач и се посипува со ф'стаци.

* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани