Колач со авокадо (стар рецепт)
Состојки
- 1 авокадо
- 4 јајца
- 160гр шеќер
- 1 ванила
- кора и сок од половина лимета или лимон
- 50мл млеко
- 50гр мелени ореви
- 170гр путер
- 340гр брашно
- 1 пециво
- за глазура - 100гр шеќер во прав, сок од лимон и сецкани фстаци
Подготовка
Подготовка:
1. Прво се чисти авокадото, па се ренда.
2. Потоа во вангличка се ставаат јајцата со шеќерот и се матат до згуснување. Постепено се додаваат ренданото авокадо, млекото и омекнатиот путер, па сокот од лимон и кората, брашното, оревите, пецивото па на крај ванилата. Со шпатула сето убаво се соединува.
3. Смесата се истура во долгнавест калап за печење. Се пече околу 40 минути, на 180 степени. Се остава на решетка да се излади.
4. Се спрема глазурата. Се соединуваат шеќерот и сокот од лимон. Се прелева изладениот колач и се посипува со ф'стаци.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.