Нели сум си вујна ќе си научам и рецепти како тоа се спремат коктели. Денеска на репертоарот повеќе коктели, а еден од нив е токму овој. Благодарност до Владимир Павлов, мераклија и тој за во кујна, изгледа сите влечеме по некој ген кој само туку не поставува пред шпоретот или фрижидерот.
Мали, поздрав дете, те обожавам. Инаку овој наш Влатко уште од мал честопати под команда моја ќе држеше миксерот да мати, ќе привикаше
- Вујноооо, готово е... ај да не се навракам на убавите денови оти полно има да се раскажува, туку да кажам припремата која е мнооогу лесна.
Припрема
- Во повисока чаша наполнета со дробен лед-блендиран, ставете го румот и истискан сок од лиметата, во самата чаша додадете исечена лимета, а едно парче сочувајте за да ставите на самата чаша.
Чин-Чин,
Нека ви е на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани