Кнедли со црни сливи
Компирите се лупат и се варат со малку сол. Откако ќе се сварат компирите се пасираат и во нив се додава путерот и јајцето (смесата треба да добие вид на пире), потоа се додава брашното и се замесува тесто кое што се расукува и со прстен за сечење тесто или со чаша се сечат кругови. Во средината се додава мала лажичка од филот и се прави топче.
Фил- сливите се сечат на мали парченца и им се додава шеќерот и циметот, сето се промешува и филот веќе е готов.
Откако ќе се оформат кнедлите во едно тенџере се става вода со малку сол да зоврие, во водата се ставаат кнедлите и се варат десетина минути додека сите кнедли не испливаат на површината. За тоа време се подготвува смесата во која ке се валкаат кнедлите. Во едно тавче се става путерот да се растопи, потоа се додаваат презлата и кокосот сето тоа се пржи за десетина минути (додека да покафени).
Готовите кнедли се вадат во една чинија и потоа се валкаат во подготвената презла и се поросуваат со шеќер во прав.
Кнедлите се дел од кујните на Австрија, Чешка, Хрватска, Словенија, а овој рецепт е на специјално место во унгарската кујна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови