За почеток на овој убав рецепт е потребно да се свари компирот.
Сливите измијте ги и преполовете ги. Извадете ја семката.
Сварете го компирот,исцедете ја водата, па излупете го.
Пасирајте додека е топол.
Додајте ги јајцата, малку сол, 2 лажици масло, па замесите и додајте брашно.
Тестото треба да биде лепливо, за кнедлите да бидат меки.
Рацете мачкајте ги со вода и земајте од тестото. Расплескајте го на дланката.
Во средината ставете половина слива и малку шеќер.
Завиткајте топче така да сливата остане во средината. Во сад на оган ставете вода да врие.
Во водата ставете прстофат сол и малку масло.
Кога врие пуштајте ги кнедлите да се варат.
Тие кога се готови ќе рипнат на површината.
Вадете ги со лажица со дупки и ставајте ги во тава.
Така завршете ги сите кнедли.
Откако завршивме и ги наредивме кнедлите во тавата, во друго тавче на оган ставаме масло и презла да се запржи.
Презлата треба да добие убава кафенка боја при пржењето.
Посипете ги кнедлите со презлата, убаво полека на секоја кнедла да има.
Ставете да се попечат околу 15 минути во жешка рерна.
Оставете да изладат и служете. Имате навистина вкусен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови