
Кнедли со марула
1. Во врела вода варете ги претходно измиените и исчистените листови марула околу 5 минути. Исцедете ги и оставете ги да се изладат на памучна крпа.
2. Пршутата исечкајте ја на малу парчиња, додајте ја во сад со урдата, јајцето, 30 гр од пармезанот, исечканиот магданос, сол и црниот пипер. Убаво измешајте ги состојките.
3. Со лажица земајте од смесата и во листовите од марула формирајте кнедли.
4. Тавата за печење намастете ја, на дното додајте пола од доматното пире. Врз пирето наредете ги кнедлите. Останатото доматно пире и растопениот путер нанесете ги врз кнедлите. На крај наросете ги кнедлите со пармезан.
Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
Рецептот со мали измени ми е од една многу фенси книга за готвење што деновиве ја добив од драги пријатели. Нестрплива бев да пробам некој необичен рецепт и да го споделам со вас.
Лиценца: Сите права се задржани