Одиме Франција!
Клафоти е кремаст француски десерт. Најчесто се спрема со цреши, но можи да се употреби и друго овошје.

1. Пуштете ја рерната да се загрее на 175С.

2. Премачкајте нелеплива тава обилно со путер и наросете насекаде од 2те лажици шеќер.

3. Измијте ги црешите и извадете им ги рачките, па оставете ги врз хартиена салфетка да се впие водата. За овој рецепт семките од црешите не ги вадиме. Тие со печењето на овошјето му даваат дополнителна арома. Стопете го путерот.

4. Со жица изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ја солта и екстрактите и откако ќе измешате, додајте го брашното. Мешајте со жицата додека стани еднолична смесата, па додајте го млекото мешајќи и на крај путерот. Смесата доаѓа течна, како онаа за палачинки.

5. Црешите ставете ги во тавата која сте ја спремиле. Врз нив истурете ја спремената смеса.

6. Ставете во рерна да се печи 40-45 мин. Готово е кога при тресење на мрда, а горе добило златно-кафеава боја. 10на мин пред крај извадете ја тавата. Поросете со шеќер и ставете наизменично минимални парченца путер. Вратете да се допечи.

Го препорачуваат да се послужи топло, но мене ми е многу повкусно кога ќе олади. Значи, секој со вкусот и апетитот : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови