4
мар
2020
Класични брускети со сирење и домати
Уште еден предлог за вкусни брускети.
Парчињата леб ги полеваме со по една лажица маслиново масло и врз секое парче леб триеме едно расечено чешне лук.
Ставаме моцарела и брускетите ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути (додека се стопи сирењето)
Врз печените брускети ставаме свеж домат и веднаш послужуваме.
Мерките си ги прилагодувате според вашите потреби!
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови