Класична и брза подготовка на американски палачинки...

Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки.
2. Путерот го топиме, го ладиме.
3. Јајцето ги разматуваме со рачна маталка па додаваме млеко и стопениот путер.
4. Ги соединуваме сувите и влажните состојки и смесата ја оставаме да отстои околу 15 минути.
5. На намрсено со путер нелепливо тавче истураме од смесата и формираме круг со пречник од околу 15 м. Откако ќе се испече од едната страна ја превртуваме и ја печеме кратко и од другата страна. Температурата на рингла треба да ни е средна, на пр. 3-4 од 6. Не прејака температура бидејќи ќе ви поцрнат.
6. Ги сервираме по вкус и желба.

Ние направивме мини торта, ред со крем ги мачкавме, ред со џем од малини и шлаг, висина по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани