Кифлички со виршла
Подготовка:
1. Во мало количество млако млеко, разматете го квасецот и шеќерот и оставете да надојде. Во истиот сад за месење, додадете го маслото, солта и млекото. Со постепено додавање брашно замесете убаво мазно тесто. Тестото оставете го да стасува околу еден час.
2. Расукајте правоаголна кора, исечете правоаголни форми, премачкајте со сенф, ставете по една мала виршла, засечете ги краевите и формирајте кифли.
3. Откако сте ги наредиле во плех за печење, премачкајте ги, посолете и печете на 200 степени, 20 до 30 мин.додека не добијат убава златна боја.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови