Подготовка:

1. Квасецот и шеќерот ги разматуваме со малку млеко и оставаме да надојде. Кога е готов, го ставаме во сад каде ќе месиме. Ги додаваме млакото млеко, јајцето, белката и маслото, а потоа сувите состојки. Месиме и го покриваме тестото со најлонска фолија, па оставаме да се дуплира.
2. Кога е готово разделете го тестото на топчиња и расукувајте кифли на стандарден начин. Кога се готови, свиткајте ги како полжавчиња и наредете ги во калап за мафини. Премачкајте ги со жолчката и попрскајте ги со сусам и кумин. Оставете да нараснат пак и ставете да се печат. Кифличките се преубави и меки. Јас ги сервирав во шарени калапи за мафини.
Нека ви се на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови