Кифлички полжавчиња

Состојки
- 1 свеж квасец
 - 1лажица шеќер
 - 1 лажиче сол
 - 1 јајце плус една белка
 - 1 жолчка за премачкување
 - 180мл зејтин
 - 400мл млако млеко
 - 1лажица сусам и кумин
 - 850-900 гр брашно зависи од мекоста на брашното
 
Подготовка
Подготовка:
1. Квасецот и шеќерот ги разматуваме со малку млеко и оставаме да надојде. Кога е готов, го ставаме во сад каде ќе месиме. Ги додаваме млакото млеко, јајцето, белката и маслото, а потоа сувите состојки. Месиме и го покриваме тестото со најлонска фолија, па оставаме да се дуплира.
 2. Кога е готово разделете го тестото на топчиња и расукувајте кифли на стандарден начин. Кога се готови, свиткајте ги како полжавчиња и наредете ги во калап за мафини. Премачкајте ги со жолчката и попрскајте ги со сусам и кумин. Оставете да нараснат пак и ставете да се печат. Кифличките се преубави и меки. Јас ги сервирав во шарени калапи за мафини.
 Нека ви се на здравје