Во длабок сад го ставаме брашното, солта, го додаваме стасаниот квасец .Тестото го замесуваме со ладна вода, да се добие меко тесто. Потоа се суче кора и се мачка со маргарин, се витка во ролат тестото и се става во фрижидер. Постапката се повторува уште 3-4 пати.Се прават по желба кифли. Готовите кифли се оставаат да стасаат, се мачкаат со јајце, се поросува сусам и се печат да поруменат. Пробував секакви кифли и не ми се погодуваа и решив да испробам вака и ми успеа кифлите се супер, меки се и по 2-3 дена (ако останат)вкусни и јас им ставам и фил(сирење,крем),а кој има време може да прави и ружи. Проверено нема утка. Тестото во фрижидер да стои од 15 до 20 минути најмалку, а може и повеќе јас го имам оставено и по неколку часа нема да згрешите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови