6
сеп
2012
Кисели пиперчиња на старски начин ( без конзерванс )
1. Пиперчињата се мијат убаво и им се потсекуваат дршките. Се редат во суви, ладни тегли и тоа така што се реди ¼ од теглата со пиперчиња. Врз нив се става 1 лажиче сол. Потоа се ставаат пиперчиња до половина од теглата. Се додава 1 лажиче сол и 1 лажиче шеќер. Повторно се редат пиперчиња, пак се додава 1 лажиче сол и на крај се дополнува теглата со пиперчина. Последно се додава 1 лажиче сол и половина лажиче шеќер.
2. Вака стојат 12 часа. Потоа во теглите се става еднаков раствор од вода и 9% отцетна киселина. Се затвора и се промешува за да се стопи шеќерот и солта.
Од оваа доза мене ми излегоа 10 тегли.
Лиценца: Сите права се задржани
а не се ни проваруваат?
што друго може вака да се спреми? (може и со проварување за да се вакумира, тоа не ми е психички проблем) :) :) :) :)
јас обожавам рецепти без конзервансии хемии :)