Испечати

Кисели пиперчиња на старски начин ( без конзерванс )

Кисели пиперчиња на старски начин ( без конзерванс )

Состојки

  • 2 кг мали пиперчина
  • 100 г сол
  • 40 г шеќер

Подготовка

1. Пиперчињата се мијат убаво и им се потсекуваат дршките. Се редат во суви, ладни тегли и тоа така што се реди ¼ од теглата со пиперчиња. Врз нив се става 1 лажиче сол. Потоа се ставаат пиперчиња до половина од теглата. Се додава 1 лажиче сол и 1 лажиче шеќер. Повторно се редат пиперчиња, пак се додава 1 лажиче сол и на крај се дополнува теглата со пиперчина. Последно се додава 1 лажиче сол и половина лажиче шеќер.
2. Вака стојат 12 часа. Потоа во теглите се става еднаков раствор од вода и 9% отцетна киселина. Се затвора и се промешува за да се стопи шеќерот и солта.

Од оваа доза мене ми излегоа 10 тегли.