Го вариме оризот во посолена вода.
Магдоносот и лукот го сецкаме на ситно.
Рибата ја чистиме и ја отстрануваме коската.
Посолуваме и ја вариме.
Откако е варена рибата ја пасираме и додаваме постепено од оризот и мешавината од лук и магдонос.
Ги додаваме јајцата кои претходно ги изрендавме на јадрата страна на рендето.
Зачинуваме и додаваме соја сос и масло од сусам.
Промешуваме и префрламе во калап за печење.
Се пече 30 минути на тивко.
Штом порумени на површината полејте ја со свежо цеден сок.
Сервирајте топло.Се севира на парче кинеска зелка.
*(Јас немав во моментот па сервирав на обичен лист зелка)
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови