Ставете го оризот со водата и супата од кокошка да се вари.
Додадете го мускатното оревче и гответе на тивко час и половина.
Повремено мешајте.
Во последниот половина час додадете го морковот, исечен на ленти и празот исечен на кругови.
Доварете и на крај посолете и зачинете со соја сос.
Одлично топло предјадење, иако заситува...па може да замени и цел оброк... уживајте....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови