Подготовка:

1.На оган се става да зовријат водата, шеќерот и маргаринот ( исецкан на коцки) со постојано мешање. Откако зоврие нека врие на умерен оган 3 минутки.
2.Се трга од оган и одма се додава млекото во прав и одма се миксира со миксер, за да нема грутчиња.
3.Кога убаво се соедини, се додава чоколадото. И тоа се меша да се стопи. На крај се додаваат мелените бисквити. .Убаво изедначена масата се остава да се излади, па со влажни раце се обликоваат бомбици.
4.Се чоколадираат со растопеното чоколадо со масло по еднаш или два пати, доколку сакаме да се побели.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови