Прекрасна комбинација на вкусови.
1. Најпрвин се подготвува филот. Во сад се ставаат пудингот, густинот, 2-те лажици шеќер, се меша, потоа се додава малку млеко од вкупната количина и жолчките.
2. Ова се мати со жица да се добие хомогена смеса.
3. Во остатокот од млекото се додаваат 7-те лажици шеќер, се загрева и на тивко му се додава претходната смеса, и мешајќи цело време се вари густ крем.
4. Се лади убаво, сосем да не е дури ни млак, а потоа се мати заедно со маргаринот/путерот.
5. Се земаат бисквитите Винчини една по една (ова е подосадниот дел, ама ќе ви се исплати). Првин бисквитата се премачкува со чоколаден крем од Винчини, па на дното внимателно се брцка во ладно млеко за да не остане тврд првиот ред од 16 бисквити. Така се прави со останатите 15 бисквити. Внимавајте да не ви се кршат.
6. Се земаат други 16 бисквити, секоја се потопува целосно во ладно млеко и се реди како втор ред.
7. Со филот се премачкува вториот ред, оставајќи дел од него за одозгора.
8. Се земаат уште 16 бисквити кои исто така се потопуваат во ладно млеко и се редат врз филот. Одозгора се премачкува со остатокот од филот.
9. Кексот се става во фрижидер да отстои неколку часа или преку ноќ, за да омекнат бисквитите од филот.
10. Потоа врз кексот се ренда млечната табла со вкус на јагода која дополнително го освежува вкусот. Се сечи како торта и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани