Кекс со јаболко (печен во 18in1 MultiCooker)
1. Во сад за матење ги ставаме јајцата, ванилата и шеќерот, матиме со рачна маталка, или кратко со миксер - една минутка. Го додаваме маслото, пак мешаме. Сега го додаваме брашното, претходно просеано и соединето со пецивото. Накрај го додаваме јаболкото (излупено и рендано на јадрата страна од рендето). Мешаме до хомогенизирање.
2. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот го додаваме какаото. Садот за печење го намрсуваме и побрашнуваме, или можете да ставите хартија за печење на дното, а страните намрсете ги и набрашнете ги - јас ставив хартија. Ја истураме пола смеса во садот, па врз неа ја истураме другата половина со какао. Рамниме со лажица и го вклучуваме кукерот на програмата „cake „и го подесуваме времето на 1 час и 50 минути.
3. Додека се пече кексот не го отвараме капакот воопшто. Кога ќе помине зададеното време, тогаш го отвараме капакот, го вадиме садот и го оставаме 5-10 минути да подизлади, па го вадиме кексот од садот врз решетка да истине. Одозгора посипуваме со шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани