Превртен кекс со јаболка, мед и ореви
Најпрво јаболката се лупат и се сечат на кругови - да се добијат околу 3 круга од едно јаболко. Се редат во намрснето плехче (со маргарин и брашно), па врз нив се ставаат сецкани ореви и неколку лажици мед. Се ставаат околу 10-тина минути во загреана рерна на 180 степени.
Во меѓувреме се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат млеко, масло, прашак за пециво и брашно. Откако јаболката ќе се потпечат, се истура врз нив изматената смеса, и се враќа во рерна да се испечи.
Откако ќе се излади кексот, се превртува јаболката да дојдат горе, и се декорира со шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови