Изрендајте ги јаболката.
Јајцата изматете ги густо со шеќерот.
Постепено додадете ги течностите, па афионот, па брашното со пецивото.
На крај измешајте ги ренданите јаболка.

Смесата излијте ја во тава 25х30 или 20х30 ако сакате да е повисок. Мене повеќе ми се допаѓа да е понизок за да при секое залаче се осети и преливот кој е одозгора.
Печете на 180С 30-40 мин.

Во загреаната слатка павлака ставете го искршено или изрендано чоколадото. Мешајте додека се растопи и состојките се соединат. Прелијте врз кексот.
Оставете да се здрви, па сечете на посакуваните парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови