Кекс со тиквички и мелено месо
Декоративен кекс пред се и предлог начин како се можат да се искористат тиквичките.
Почетокот на подготовка е со пропржување на меленото месо со главичка кромид на врело масло, се посолува по вкус и за некоја минутка е готово. Се остава да се лади.
Малечката тиквичка ја сечиме на коцки и ја ставаме во врела посолена вода да се вари. Готовата сварена (едно 7-8 мин) тиквичка ја цедиме од водата и пасираме, додаваме сечкано лукче, се лади и таа. Во меѓувреме додека се ладат тие состојки ги биеме јајцата со миксер, додаваме од маслото, јогуртот, брашното, печиво, сув зачин, павлака и во тестото ја ставаме тиквичката. Се заедно се меша.
Во долгнавеста форма (премачкана со масло и брашно) ја излеваме смесата одозгора по должина на средишниот дел го додаваме меленото месо.
Печиме на 180 загреана рерна додека не почне малку да се одделува смесата од рабовите, се отвора рерната и најгоре се става кашкавалот малку сусам по желба, па се враќа во исклучена рерна, колку да се истопи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови