Класика... Вкусно, ароматично....

1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилата, додека го зголемат волуменот неколку пати и се добие убава кремаста маса. Се додаваат другите состојки, на крај брашното помешано со гризот, лешниците и пецивото.

2. Се излева во калап со пречник од 30 см, претходно намрсен со масло и наросен со мелени лешници.
Се пече во загреана рерна на 180 додека порумени, т.е. до сува чепкалка.

3. За тоа време се подготвува и шербетот. Се вари шеќерот со водата, ванилата, штом зоврие малку лимонов сок и се вари уште 5 мин. на умерен оган. Се полева со жежок шербет жежок кекс.Се остава убаво да излади.

4. Се матат шлаг пените со млекото и се нанесува врз кексот. Се поросува со лешници. Се сече и послужува.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови