Подготовка:

1. Измешајте ја павлаката со кафето, за кафето убаво да се растопи во неа. Содата угасете ја со киселината.

2. Јајцата кремасто изматете ги со шеќерот, па додадете го путерот, павлаката, брашното и угасената сода бикарбона.

3. Откако се ќе се соедини, смесата истурете ја во мал сад за печење 23х23. Јас ја печев во силиконските на Делимано, во кружниот калап само малку намрсен. Печете на 180С.

4. Измешајте ги состојките за преливот убаво да се соединат. Шеќер доколку сакате можи да додадете.

5. Кексот издупчете го одозгора со вилушка или со нешто пошироко од неа и потоа прелијте го со кафе преливот.

6. Оставете убаво да се впие и да се позасуши, па сечете на посакуваните парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови