Испечати

Кекс со вкус на кафе

Кекс со вкус на кафе

Состојки

  • За паднишпан
  • 100 гр кисела павлака
  • 3-4 лажички инстант кафе
  • 2 поголеми јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажички киселина
  • 100 гр путер
  • 130 гр брашно
  • Прелив
  • 300 гр кисела павлака
  • 3-4 лажици шеќер
  • 2-3 лажици инстант кафе

Подготовка

Подготовка:

1. Измешајте ја павлаката со кафето, за кафето убаво да се растопи во неа. Содата угасете ја со киселината.

2. Јајцата кремасто изматете ги со шеќерот, па додадете го путерот, павлаката, брашното и угасената сода бикарбона.

3. Откако се ќе се соедини, смесата истурете ја во мал сад за печење 23х23. Јас ја печев во силиконските на Делимано, во кружниот калап само малку намрсен. Печете на 180С.

4. Измешајте ги состојките за преливот убаво да се соединат. Шеќер доколку сакате можи да додадете.

5. Кексот издупчете го одозгора со вилушка или со нешто пошироко од неа и потоа прелијте го со кафе преливот.

6. Оставете убаво да се впие и да се позасуши, па сечете на посакуваните парчиња.