Кекс со афион и гриз
Добар шербетлиски кекс.... за љубителите на вакво благо...
Кексот се подготвува на стандарден начин.
Се матат јајцата, со постепено додавање на шеќерот во густа кремаста маса.
Се додава млекото, маслото, па на крај помешани брашното, пецивото, афионот и гризот, матејќи на најслаба брзина.
Се излева во намрсена и побрашнета тава со пречник од 28цм..
Се печи во загреана рерна на 180 околу 35 мин. или до сува чепкалка зависно од вашата рерна.
Се остава убаво да се излади, па се сечи и залева со топлиот шербет.
За шербетот ја зовриваме водата и шеќерот, па намалуваме на умерен оган и вариме уште 5 мин..При крај ја додаваме ванилата.Оставаме да подизлади.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани