Рецептот го најдов на интернет и од како се уверив во неговата корисност еве решив да го споделам тука па можеби некој ќе сака да го направи.
Квасот се користи за смалување на крвниот притисок, за чистење и детоксикација на организмот, но не смеат да го пијат луге со низок крвен притисок (го пренесувам ова како што стои во рецептот)

Цвеклото се лупи и се сече на парчиња - на тркалца.
Водата се става да преврие и се остава да се олади.
Во сува тегла се става цвеклото, сувото грозје, брашното и шеќерот. Се налева со оладената вода и не се полни до врв теглата, се остава 3-4 прсти празна за да може убаво да се промешува и да има место за пената.
Одкако ќе се наполни со дрвена или пластична лажица убаво се меша да се соедини и теглата се покрива со газа и убаво се зацврстува. Се остава да одседи 6-7 дена на потопло и светло место. Два пати на ден убаво се промешува и после 2ден ќе се формира пена која може да се одстрани.
По 7 ден течноста се процедува, се собира во стаклени шишиња и се чува во фрижидер.
Се зема 3-4 лажици 3 пати на ден пред оброк.
Јас првата доза ја земам рано на гладно и многу убаво се чувствувам. Мислам дека на многумина може да помогне да се почувствуваат полни со енергија. Јас го направив лекот без терапевтска потреба онака за чистење на организмот и презадоволна сум.
Одкако ќе се испие една доза се прави пауза од 3 месеци и се повторува уште 2 пати и по 3 дози детоксикацијата е сосем успешна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела