Еве интересен кафе колач, со вкусен фил од крем сирење.

Подготовка
1. Јајцата и шеќерот ги матиме да го зголемат својот волумен и малку да побелат.
2. Го додаваме нес кафето кое сме го раствориле во врела вода.
3. Го додаваме омекнатиот путер, соединуваме па го додаваме млекото..
4. Ги додаваме брашното, какаото и пецивото. Може да ги поминеме низ сито, да ги просееме за да не ни се направат грутчиња.
5. 2/3 од смесата ја распоредуваме во тава 20х30 см и ставаме на печење на 180 степени околу 10 минути. За тоа време го правиме филот.
6. Ги матиме јајцата и шеќерот , па го додаваме крем сирењето. Соединуваме, па додаваме брашно, ванила екстракт. Промешуваме.
7. Колачот го вадиме од рерна кога веќе ни фатил коричка и ја истураме смесата од крем сирење.
8. Врз неа ставаме со лажица од преостанатиот кафеав дел.
9. Го враќаме колачот во рерната да се допече околу 15-20 минути.
Оставете да се излади и уживајте!

Забелешка
Ако не сакате да ви биде волку висок колачот може да го ставите во поголема тава. Ако е Делимано тавата нема потреба од намрсување и набрашнување.