Касандра Торта
Кора 1
Се мати цврст шам од 4 белки се додава 100 гр шеќер, 100 гр кокос, 2 супени лажици брашно, малку пециво ( јас едно пакетче го поделив на сите 3 кори ) се пече на 180 степени ( си проверувате со чепкалка кога е готово )
Кора 2
Се мати цврст шам од 4 белки се додава 100 гр шеќер ,100 гр рендано чоколадо, 2 супени лажици брашно и малку пециво.
Кора 3
Се мати цврст шам од 4 белки се додава 100 гр шеќер, 100 гр мешавина од мелени ореви и лешници, 2 супени лажици брашно и малку пециво.
Фил
12 жолчки се матат со 200 гр шеќер, се додаваат пакетчињата пудинг и се меша убаво, се истура во зовриеното млеко и се меша да се згусне, потоа се трга на страна да се излади. Изладено се мати со маргаринот и се дели на 3 дела.
Од првиот дел се додаваат сецканите баначиња. Во 2 стопено чоколадо и во 3 мешавината од мелени ореви и лешници . Потоа се филува јас почнав со кора 1 па фил 2, кора 2 фил 1, кора 3 фил 3 но можете да го смените редоследот се декорира по желба јас изматив слатка павлака и ја премачкав тората и ставив ренадно чоколадо. Оваа торта е превкусна се топи во уста.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови