Во млакото млеко се ставаат шеќерот и квасецот, со малку брашно да се активира.
Потоа постепено се додаваат сите состојки, се замесува тесто понамеко, но да не се лепи на рацете.
Се покрива и се остава на топло 20 минути.
Потоа не се премесува, туку од втасаното тесто се сечат долги ленти.
Нежно се прават форми и се редат на чиста крпа.
Се пржат на среден оган да заруменат. Се редат на хартиени салфети, па се посипуваат со шеќер во прав.

Јас не ставив лимон, ванила за мирис, бидејќи сопругот ги јаде со сирење. Слободно може да се додаде цимет, ванила, кора од лимон.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани