Подготовка на првото тесто
Белките се бијат со шеќерот и отцетот во густ шам, на крајот додајте го нишестето (густинот) и сето тоа ставете го во поголема кеса за замрзнување на храна.

Подготовка на второто тесто
Изматете ги убаво жолчките со јајцата, шеќерот и ванилата во густа пенаста маса, па додајте го брашното. Лесно промешајте.
Добиената смеса ставете ја во поголема кеса за замрзнување на храна.

Плехот од рерната обложете го со хартија. На двете кеси отсечете им еден од краевите на околу 1,5 до 2 см.
На хартијата неизменично истиснувајте една лента од смесата од првото тесто-белките, а веднаш до неа лента од второто тесто-жолчките и така неизменично на целиот плех./слика за појаснување/, на белата лента попрскајте од мелените ореви.
Печете околу 20 мин во загреана рерна на 180 степени. Печеното тесто извадете го и оставете да се излади.

Подготовка на филовите
Фил бр.1
Шеќерот карамелизирајте го и прелијтего со млекото. Исклучете ја ринглата и мешајте да се растопи шеќерот. Додајте го брашното и мешајте како за подготовка на пудинг, се додека не се згусни смесата. Оставте убаво да се излади, па додајте го изматениот маргарин/путер/ и соединете го.

Фил бр.2
Млекото убаво вжештете го, додајте му ги оревите и чоколадото, мешајте да се стопи чоколадото и да се подизлади, додајте му ги мелените бисквити, измешајте и оставете го убаво да се излади. Додајте го изматениот маргарин/путер/,изедначете ја смесата.

Филовање
Внимателно одвојте го тестото од хартијата и поделете го на три ленти. Секоја премачкаје ја со мармаладот од кајсии.
Над првата кора филувајте со чоколадниот фил, после втората кора, карамел кремот, третата кора пак чоколаден фил.
Преливот подгответе го така што ќе го стопите чоколадото со шеќерот, маслото и маргаринот/путерот/ и го оставате да се подизлади. Целата торта ја преливате со добиената глазура.
Оставете да одстои барем еден ден/ако можете, бидејки кај мене не може да преноќи  ..../

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани