Еден постар напиток кој верувам дека постарите го знаат,а помладите ќе ги научиме да го спремаат. Млеко со препечен шеќер. Мајка ми ни го спремаше уште како мали, кога ќе бевме настинати. Велеше дека ги омекнува градите . Вкусот е одличен па знаеме да го спремаме често.
1. Растопете го шеќерот на оган. Нека се карамелизира. Не оставајте многу да гори, да не горчи потоа.
2. Додадете го млекото во шеќерот. Нека се растопи зовривајќи. Кога ќе почне да врие додајте го лажичето маргарин.
Така спремната течност, се конзумира топла. Колку потопла можете да ја пиете тоа е поздраво.
Овој напиток стана мој ритуал, секојдневно во овие ладни денови.
Нека е на здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови