Предлог за карамелизирано тофу. Ајде да го спремиме.

Подготовка:

1. Сирењето го сецкаме на коцки.
2. Во друг сад ги мешаме состојките за карамелизирањето. Сосот од калинка го мешаме со соја сосот, а потоа го додаваме медот и маслиновото масло. Зачинуваме со сол и ѓумбир, а потоа додаваме и сусам.
Јас додадов и црн кумин во зрна.
3. Го мешаме убаво сирењето во маринадата и го истураме во загреана тава да се крчка. Мешаме да се пржи полека и убаво да си искрчка во сосот. Кога е поцрвенето се вади од тавата и се сервира.
Служете со риба, пилешки стек или ориз.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови