Карамелизирано тофу сирење
Состојки
- 300гр тофу сирење
- 1лажица сусам
- 2лажици сос од калинка
- 3лажици соја сос
- 1/3лажиче гумбир во прав
- 1лажиче мед
Подготовка
Предлог за карамелизирано тофу. Ајде да го спремиме.
Подготовка:
1. Сирењето го сецкаме на коцки.
2. Во друг сад ги мешаме состојките за карамелизирањето. Сосот од калинка го мешаме со соја сосот, а потоа го додаваме медот и маслиновото масло. Зачинуваме со сол и ѓумбир, а потоа додаваме и сусам.
Јас додадов и црн кумин во зрна.
3. Го мешаме убаво сирењето во маринадата и го истураме во загреана тава да се крчка. Мешаме да се пржи полека и убаво да си искрчка во сосот. Кога е поцрвенето се вади од тавата и се сервира.
Служете со риба, пилешки стек или ориз.
На здравје.